Connect with us

Култура

„Трага во времето“ – изложба и концерт за 10 години Национален џез оркестар на „Скопско лето“

Во рамки на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва во 20:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето – 10 години Национален џез оркестар“, по што ќе следува и концертен настап на оркестарот.

Изложбата претставува емотивно и документарно сведоштво за десетгодишниот развој на Националниот џез оркестар. Преку автентични фотографии, архивски материјали и приказни, посетителите ќе имаат можност да проследат дел од патот исполнет со творечка посветеност, значајни соработки и незаборавни музички моменти.

Во рамки на поставката ќе биде претставен и проектот „JAZZ10“ – визуелна архива на една деценија современ македонски џез, која ја документира сцената, музичарите и авторските проекти што придонесоа за нејзиниот развој. Проектот ја раскажува приказната за македонската џез-сцена преку концерти, креативни експерименти, соработки и луѓето кои го создаваа нејзиниот континуитет.

Во рамки на вечерната програма на „Скопско лето“, љубителите на филмската уметност ќе можат да ја проследат и проекцијата на филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, која ќе започне во 20:15 часот во Кинотеката на Македонија. Билетите за проекцијата се достапни преку продажната мрежа на karti.com.mk. 

Ad
Ad