Connect with us

Култура

Изложбата „Икони“ отворена во Виница: Уметнички омаж на духовното и културното наследство

Во салонот на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница беше отворена изложбата „Икони“, која претставува избор на дела создадени за време на 8. Лесновска ликовна колонија во 1999 година. Поставката е сопствена продукција на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип и е дел од програмата за одбележување на Павловден – празникот на градот.

Изложбата опфаќа 12 дела од ликовни уметници од Македонија и Бугарија, инспирирани од иконите во Лесновскиот манастир, кои преку своите творби го претставуваат богатото духовно и културно наследство на регионот.

На отворањето се обрати директорката на Домот на културата „Злетовски рудар“, Марија Настевска, која истакна дека изложените дела претставуваат значаен придонес во зачувувањето и афирмацијата на македонското културно и духовно наследство.

Настанот беше збогатен со настапот на артистот и културен деец од Пробиштип, Страшко Милошевски, кој зборуваше за посланијата на Свети Павле, македонскиот бит и духовните вредности што со векови го обликуваат националниот и културниот идентитет на Македонците.

Во свечената програма настапија и Димитар и Фидан Харалампиеви, кои со изведба на изворен мелос и етно-музика придонесоа за автентичната атмосфера на отворањето.

Изложбата „Икони“ ќе биде отворена за посетителите во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница до 24 јули.

Ad
Ad