Connect with us

Култура

Фестивал на чалгиска музика во рамки на Кавадаречко културно лето

Фестивал на чалгиска музика ,,Ваташа 2026″ по четврти пат се одржа синоќа,  како дел од Кавадаречко културно лето, во месноста Моклиште. Многубројните присутни ги проследија настапите со звуците на чалгијата и настапите на македонски музичари и пејачи. 

Фестивалот е во организација на Здружение „Ваташка чалгија“, со поддршка од Општина Кавадарци.

– Станува збор за уште еден настан што  прераснува во традиција и ја збогатува културната понуда на Кавадарци – рекоа од кавадаречката локална самоуправа. 

Доктор Перо Пењушков, организатор на фестивалот, истакна дека најголема одговорност е да ја зачуваме нашата култура и традиција која е наш репрезент ширум светот. Тој се заблагодари до градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општината, Министерството за култура, Катедрата на етнологија, Катедрата за фолклор и сите љубители на фолклорната музика и чалгиската традиција. 

-Ние мораме нешто да им оставиме на нашите млади, на нашите поколенија, а зачувувањето на културата е најважно, порача тој меѓу другото.

Ad
Ad