Култура
Пловен мини концерт во водите на Црн Дрим во Струга
Пловен мини концерт во водите на реката Црн Дрим ќе се одржи во понеделник на 13 јули во Струга, кај дрвениот мост.
Иницијативата, како што соопшти Europe House Struga, е на Коста Костоски.
– Europe House Struga верува дека најдобрите идеи се оние што ја поврзуваат локалната заедница, креативноста и јавниот простор. Затоа со особено задоволство ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива на Коста Костоски која претставува уникатно музичко доживување што ги спојува локалната музичка сцена, природата и летната атмосфера на градот, стои во информацијата.
На автентична сцена, пловниот мини концерт ќе трае 40-минути, а, според информацијата, ќе настапат Коста Костоски, Андреј Нически, Артан Жута, Bojan Krstinovski, Алмир Бајрамоски, Давид Поповски, Александра, Менда Шеи , Владимир Мојсовски и Томислав Нестороски.
јули 9, 2026

