Кошарка
НБА: Мичел уште четири години во Кливленд за 273 милиони долари
Кошаркарот на НБА лигашот Кливленд, Донован Мичел, потпиша нов долгорочен договор, објави денеска неговиот менаџерски тим.
Договорот е на четири години, во вкупна вредност од 273 милиони долари, што беше максималната сума која тимот можеше да му ја понуди.
Договорот вклучува и клаузула за последната година од договорот – сезоната 2030/31, што би му овозможило на Мичел да го раскине предвреме.
Мичел го предводеше Кливленд минатата сезона до првото конференциско финалето на Истокот од 2018 година.
Ѕвездата на Кливленд во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 27,9 поени, 4,5 скокови и 5,7 асистенции по натпревар.
јули 8, 2026


