Connect with us

Култура

Во прилепскиот театар се подготвува „Ловец во р’жта“

Ансамбот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ интензивно ја подготвува претставата  „Ловец во р’жта“ според истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски. 

Според режисерот Кочовски, претставата е еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина. 

– Текстот е цивилизациски важен, популарен, оти обработува тема за  невозможниот бунт на индивудуалецот против општеството. Тој бунт нема рок  на траење. Го одбрав ансамблот на Прилепскиот театар поради квалитетот на  актерската екипа која може и знае да работи ваков текст и тоа го докажува во реалноста. Бунтот на една театарска екипа во општеството. Во овој театар се бориме да го артикулираме нашиот глас, во општество каде тешко може да бидеме гласни, а ние сепак сме гласни. Публиката ќе види енергична, но воедно лирска и епска претстава, преполна со различни жанрови, вели Кочовски.

Драматизацијата е на Лидија М. Ѓорѓиевска, сценографијата е на Филип Јованоски, костимите на Јулијана Војкова, за музиката се грижи Пеце Трајковски – Брада, а учестуваат и Давид Скерлевски и Ана Митоска.

Во претставата игра поголемиот дел од ансамблот на театарот.

Премиера на претставата „Ловец во р’жта“ се очекува во средината на јули.

Ad
Ad