Connect with us

Сцена

Џегер заинтересиран за снимање биографски филм за „Ролинг стоунс“

Мик Џегер не ја крие својата заинтересираност за можноста да се сними биографски филм за легендарниот бенд „Ролинг стоунс“. Тој засега не сакаше да открие кој период од музичката кариера на рок-бендот би бил опфатен во него. Фронтменот на „Ролинг стоунс“ призна дека му се допаѓа идејата за снимање на приказната за животот на светски познатиот бенд.

– Да, заинтересиран сум, одговори Џегер. Тој нагласи дека не сака да открива што сè ќе содржи филмот, но дека има одредена замисла како би сакал да изгледа, изјавил Џегер. Постојат многу начини да се сними биографски филм. Во повеќето случаи, фокусот е на еден пократок период од нечиј живот, со кратки воведи и завршетоци кои даваат поширок контекст, додал тој.

Џегер како пример го посочи биографскиот филм за Боб Дилан, „Сосема непознат“ („A Complete Unknown“). Сепак, според него не е лесно да се одлучи кој период од животот би бил опфатен на легендарниот рок-бенд.

– Не знам кој дел од нивниот живот би го избрал, бидејќи тоа е многу долг временски период, признал Џегер. 

Ad
Ad