Connect with us

Сцена

Почина Владо Јаневски

По лратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина Владо Јаневски.

Познатиот македонски поп-пејач и композитор, починал на една од скопските клиники.

На социјалните мрежи фановите и македонската естрада со изрази на сочувство се збогуваат со Јаневски, кој важеше за една од нашите најголеми музички ѕвезди.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Јаневски дипломирал на Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик и литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992).

Учествувал на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.

Ad
Ad