Хроника
Товарно возило излетало од патот кај Ореовец, загина 58-годишен возач од Битола
Во Секторот за внатрешни работи – Битола, вчера во 17:50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај село Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А., на возраст од 58 години од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Прилеп, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.
Увид бил извршен од страна на увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Битола.
јуни 28, 2026


