Хроника
Со камиони возеле во спротивен правец: Уапсени двајца возачи на патот Гостивар-Тетово
Двајца возачи се приведени од полицијата затоа што возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово, информира СВР Тетово. Првиот случај е евидентиран вчера околу 11:30 часот.
-Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење, соопштија денес од СВР Тетово.
Еден час подоцна, во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише,
-Со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење, информираа од СВР Тетово
Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
јуни 29, 2026


