Хроника
Гостиварец измамен за 1.200 евра со лажно ветување за возачка дозвола без полагање
Четириесет и тригодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил измамен за 1.200 евра, откако му било ветено дека ќе добие возачка дозвола без да полага возачки испит.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на вчера во 10:20 часот во Полициската станица Гостивар.
– Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од лична карта. Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1.200 евра, но, бидејќи ветената возачка дозвола не му била дадена, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираа од МВР.
јуни 28, 2026

