Connect with us

Свет

Украина и Русија разменија по 160 воени заробеници

Украина и Русија денеска извршија уште една размена на воени заробеници, за време на која секоја од земјите предаде по 160 луѓе на другата, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Сто и шеесет руски воени лица беа репатрирани од територијата контролирана од режимот во Киев. За возврат, беа предадени 160 воени заробеници од украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на министерството.

Размената на воени заробеници е една од последните области на соработка меѓу Русија и Украина и е единствениот вистински резултат од преговорите меѓу двете страни.

Ad
Ad