Свет
Свириденко: Украина на Конференцијата во Гдањск ќе потпише договори во вредност од над 10 милијарди евра
Премиерката на Украина, Јулија Свириденко изјави дека на Конференцијата за обнова на Украина, што денеска и утре се одржува во Гдањск. Киев ќе склучи повеќе од 160 договори во вредност од над 10 милијарди евра.
Таа истакна дека Украина денеска ќе ја добие првата транша од 3,2 милијарди евра од заемот на ЕУ, со вкупна вредност од 90 милијарди евра.
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен наведе дека ветениот инвестициски фонд за обнова на Украина, поддржан од ЕУ; Франција, Германија и Полска, е „подготвен за стартување“ и оти уште оваа година Киев ќе добие околу 500 милиони евра.
Во полскиот град Гдањск се одржува петтата Конференција за обнова на Украина, а украинската делегација ја предводи Свириденко, а не претседателот Володимир Зеленски, поради несогласувањата помеѓу Киев и Варшава за Втората светска војна.
На Конференцијата покрај Лајен учествуваат и неколку членови на ЕК, а обраќање ќе имаат првите луѓе на Полска, Бугарија, Естонија, Финска, Летонија, Литванија, Романија и Шведска.
Претходно, Конференција за обнова на Украина беа одржани во Лугано, Лондон, Берлин и Рим.
јуни 26, 2026


