Свет
Две лица го загубија животот меѓу кои и дете, а десет се повредени при удар на пикап во Канзас
Шестгодишно момче и 35-годишен маж го загубија животот, а 10 лица се повредени кога жена со својот пикап влета во младински фудбалски натпревар во спортскиот комплекс во градот Вичита во американската сојузна држава Канзас.
Возилото било управувано од 34-годишна жена, соопшти локалната полиција.
Жената што возеше е во притвор и не е јасно дали нејзиното дело било намерно, објави Ен-Би-Си Њуз.
октомври 19, 2026


