Connect with us

Скопје

Засилени контроли по случаите со вандализам со урбана опрема во општина Аеродром

По случаите со уништување урбана опрема во општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митески вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведуваат засилени контроли и патроли и порачува дека ќе биде казнет секој кој ќе биде затекнат при такви активностги. Синоќа имало случај со уништување детско игралиште, а претходно споделено видео во кое се гледа вандализам со опрема во ОУ „Гоце Делчев“. Пронајдени се сторителите и за двата случаја. 

– Да, за жал, во изминатиов период сè почесто сме сведоци на повеќе вандалски чинови каде се уништува урбана опрема и детски игралишта на повеќе локации на територија на Општина Аеродром. Пред неколку дена, всушност, видов едно видео за уништување на урбана опрема во основното училиште „Гоце Делчев“. Сторителите се пронајдени, Министерството за внатрешни работи веќе спроведува постапка за изрекување на прекршочни глоби кон децата, односно родителите. Доцна синоќа исто бевме сведоци повторно на вандализам на едно детско игралиште во Аеродром. Од утринава сум во комуникација со командирот на полициската станица. Сторителите се лоцирани, повикани се во полициска станица, а во текот на денот ќе биде и поднесена соодветна пријава за уништување на урбана опрема од Општина Аеродром, изјави Митески.

Така ќе постапуваме, порача, кон сите сторители.

– Веќе имаме засилени контроли и патроли во соработка со Министерството за внатрешни работи. Секој еден сторител којшто ќе биде затегнат како врши уништување на урбана опрема, ќе биде драстично казнет, рече Митески, на новинарско прашање на настан во ОУ „Љубен Лапе“, каде беа промовирани нови учебници за прво, второ и трето одделение.

Ad
Ad