Свет
Трамп: Иран се согласи за нуклеарни инспекции, Ормуската теснина останува отворена
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска изјави дека Иран се согласил за „нуклеарни инспекции од највисоко ниво во иднина“, оценувајќи дека е постигнат значителен напредок во преговорите.
Во објава на „Трут соушл“, Трамп наведе дека договорот ќе обезбеди „нуклеарна искреност“ и дека иранските власти направиле „големи отстапки“.
Тој истакна дека врз основа на тоа, е одлучено Ормуската теснина да остане отворена, истакнувајќи дека американските сили ќе ја задржат можноста за повторно воспоставување на блокада доколку е потребно.
јуни 24, 2026


