Connect with us

Свет

Иран демантира дека се согласил на инспекции од МААЕ

Иран ја демантира изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека Техеран се согласил да се вратат инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во земјата.

Венс, по преговорите во Швајцарија, изјави дека наскоро би можеле да почнат разговорите со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Иранците се согласија повторно да ги поканат инспекторите на МААЕ. Ова е голем чекор за американскиот народ и прв чекор кон целосна денуклеаризација или конечно завршување на програмата за нуклеарно оружје на Иран, наведе Венс, додавајќи дека очекува „тоа да се случи уште оваа недела“.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека не презело „никакви нови обврски“ за инспекциите од страна на МААЕ.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека Техеран би требало да дозволи враќање на инспекторите на МААЕ во Иран.

Иранската делегација не му дозволи на генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, директно да учествува во разговорите со САД. Според медиумите Гроси бил присутен во Бургеншток, но иранската делегација не покажала интерес да се ангажира шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН.

МААЕ минатата есен посети некои локации од иранската нуклеарна програма кои не беа оштетени од израелските и американските напади во јуни 2025 година. Од тие први напади, МААЕ нема пристап до иранските капацитети за збогатување ураниум.

Ad
Ad