Connect with us

Свет

Француското Национално собрание ги поддржаа плановите за поголема автономија за Корзика

Француското Национално собрание (Долниот дом на Парламентот) синоќа одобри островот Корзика да добие повеќе автономија.

За време на првото читање на предлог-законот 271 пратеник во Долниот дом гласаа „за“ уставната реформа, 202 беа „против“ и 64 „воздржани“.

За Корзика да добие поголема автономија од Париз, мора прво, Сенатот (Горниот дом на парламентот) треба да го усвои текстот на реформата без измени. Потоа, три петтини од пратениците мора да ги одобрат уставните измени. Населението на Корзика исто така ќе мора да гласа за предлогот.

Односите меѓу Корзика и владата во Париз долго време се затегнати. Корзиканските сепаратисти се борат за поголема автономија со децении, честопати прибегнувајќи кон насилство.

Нелегалниот Национален фронт за ослободување на Корзика (ФЛНЦ) привремено го положи оружјето во 2014 година, додека умерените националисти добија политичко влијание. Тие сега имаат мнозинство во регионалниот парламент и бараат автономен статус за островот.

Тензиите повторно се разгореа пред четири години за време на насилните протести на островот. Во 2023 година, францускиот претседател Емануел Макрон вети автономија за Корзика, која има околу 350.000 жители. 

Ad
Ad