Connect with us

Општини

Пуштено во употреба ново детско игралиште во Марино во Илинден

Во населеното место Марино во општина Илинден е пуштено ново современо детско игралиште, со што, информира денеска општинската прес-служба, најмладите жители добија нов и функционален простор наменет за игра, рекреација и дружење, опремен согласно современите стандарди за безбедност и квалитет.

Новото игралиште е опремено со современи детски реквизити, меѓу кои детско катче со кула и лизгалка, двојна лулашка и клацкалка. За безбедност на најмладите поставена е заштитна ограда, површината е уредена со патека од бекатон плочки и ивичњаци, а поставени се и клупи со наслон и корпа за отпадоци, со што е обезбедена поголема функционалност и уредност на просторот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пишана изјава истакнува дека изградбата на вакви содржини претставува значајна инвестиција во подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на децата. 

– Со изградбата на ова детско игралиште, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата определба за создавање современи, безбедни и уредени јавни површини кои придонесуваат за поквалитетен живот на сите граѓани и создавање подобри услови за раст и развој на најмладите – вели градоначалникот Георгиевски.

Ad
Ad