Хроника
Предложен притвор за семејно насилство во Тетовско, со нож се заканувал на неговата мајка и на сопругата
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на Тетовско Гајре, за вршење семејно насилство, информираат од Обвинителство.
Осомничениот, како што информираат од ЈОРСМ, на 21 јуни, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.
-Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди – се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Лицето се товари дека сторило кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
јуни 23, 2026

