Свет
Пратеникот Енди Барнам објави дека ќе се кандидира за функцијата премиер на Обединетото Кралство
Пратеникот од Лабуристичката партија, Енди Барнам, кој се врати во Долниот дом откако победи на дополнителните избори во Мејкерфилд пред неколку дена, изјави дека ќе се кандидира за премиер на Велика Британија, само неколку часа откако Кир Стармер објави оставка.
Победата на Барнам на дополнителните избори и неговото враќање во Долниот дом по повеќе од девет години како градоначалник на Голем Манчестер му овозможува да се приклучи на трката за лидерство на Лабуристичката партија, а со тоа и за функцијата премиер на Велика Британија.
Поранешниот министер за здравство Вес Стритинг, исто така, ја поддржа неговата кандидатура, велејќи дека ќе го поддржи Барнам за функцијата британски премиер. На овој начин, тој се повлекува од трката и ја зајакнува позицијата на Барнам како фаворит.
Претходно Стритинг, кој во мај поднесе оставка од владата на Стармер во знак на протест, изјави дека ќе се кандидира во која било трка за премиерското место.
Но, денес тој ја изрази својата поддршка за Барнам, велејќи дека двајцата разговарале долго во последните денови. Стритинг рече дека е уверен дека под водство на Бернам ќе има простор за неговите идеи за „прогресивен капитализам“.
„Можеме да го поминеме летото преувеличувајќи ги малите разлики, или можеме да ги засукаме ракавите и да му помогнеме да ја спроведе промената што ѝ е потребна на нашата партија и на нашата земја“, рече Стритинг во писмо објавено на Икс.
Номинациите за наследник на Стармер како лидер на Лабуристите ќе почнат на 9 јули и треба да се затворат до средината на месецот. Доколку трката за местото се вжешти, нов лидер ќе биде избран до септември.
јуни 23, 2026


