Connect with us

Свет

Пезешкијан: Иран нема да се откаже од правото да збогатува ураниум за цивилни цели

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема намера да произведе атомска бомба, но предупреди дека нема да се откаже од збогатувањето ураниум за цивилни цели.

Изјавата доаѓа непосредно пред почетокот на преговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија, што денеска треба да се одржат со посредство на Катар и Пакистан.

„Можеме и писмено да потврдиме дека немаме намера да произведеме атомска бомба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека Иран тоа постојано го повторува.

„Но, нема да се откажеме од нашето право на збогатување ураниум“, додаде тој.

Иран е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје што гарантира правото на збогатување ураниум за цивилни цели.

Ad
Ad