Connect with us

Свет

Полска со критики кон Берлин, Париз и Лондон – бара да биде вклучена во разговорите за војната во Украина

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ја критикуваше водечката улога што ја играат Германија, Франција и Велика Британија во разговорите за завршување на војната во Украина и инсистираше Полска, исто така, да биде на преговарачката маса, пренесува ДПА.

– Помеѓу Црното Море, Балтичкото Море и Јадранското Море, во ЕУ живеат 120 милиони луѓе, заедно со Скандинавија, таа бројка се искачува на 150 милиони луѓе кои се под многу подиректна закана од руската агресија отколку Германија. Ние сме соседи и на Русија и на Украина, вие во Германија не сте – вели Сикорски во изјава за викенд изданието на германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне“.

Полска е на чело, рече Сикорски, посочувајќи на пратките со оружје за Украина што постојано минуваат низ земјата. Полска ги сноси ризиците поврзани со ова и затоа очекува улога во разговорите, додаде шефот на полската дипломатија.

Тој смета дека треба да се следи патот утврден во договорите на ЕУ, и напортите насочени за постигнување мир во Украина да одат преку преку претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. 

Европската унија се чини поделена по ова прашање. На самитот на ЕУ што заврши во петокот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше одбиен од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за тоа што му наложи на својот тим да отвори комуникациски канали со Москва – одделно од иницијативата на националните лидери.

Германските и француските лидери, заедно со Велика Британија – која повеќе не е членка на ЕУ – сакаат да ја задржат водечката улога во мировните напори, забележува ДПА.

Ad
Ad