Свет
Макрон изненаден од изјавите на Трамп за Мелони
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази изненадување од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп на адреса на италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесува АНСА.
На маргините на самитот на Европската Унија, Макрон изјави дека следната недела во Антиб ќе одржи билатерален самит со Мелони и дека со неа ќе разговара и за изјавите на Трамп, кои италијанската премиерка претходно ги оцени како невистини и измислици. Билатералниот самит ќе се одржи на 25 јуни во Антиб, Франција.
Претходно денеска, во интервју за италијанската телевизија „Ла Сете“, Трамп изјави дека Мелони го молела да се фотографира со неа на самитот на Г-7 во Евијан, чиј домаќин беше Макрон.
Мелони веднаш остро реагираше, наведувајќи дека таквите тврдења се невистинити и дека ниту таа, ниту Италија „никогаш не молат за ништо“. Таа додаде дека Трамп би требало да биде толку остар кон противниците на Западот, а не кон неговите сојузници.
Како директен одговор на овој дипломатски инцидент, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на платформата Икс објави дека ја откажува својата официјална посета на САД, планирана за 21 и 22 јуни, во знак на најостра осуда за „сериозните и навредливи изјави“ на американскиот претседател.
Солидарност со Мелони изразија повеќе италијански политичари, италијанскиот претседател Серџо Матарела и шпанскиот премиер Педро Санчез
јуни 20, 2026

