Connect with us

Култура

„Балкански музички плоштад“ со концерти викендов во Охрид

 Во рамки на 15. фестивал „Балкански музички плоштад“ (Balkan Music Square) викендов во Охрид ќе се одржат две концертни вечери во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, за кои влезот за посетители е слободен. 

Како што соопшти организаторот на фестивалот, продуцентската куќа „Трето уво“, вечер ќе настапи Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата „ВИС Билјана“ од Охрид. Фестивалот утре ќе биде затворен со концерт на гитаристот и композитор Владимир Василевски-Четкар и неговиот бенд. 

-И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни, а еколошката порака гласи: „Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“, информира „Трето уво“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид. Беше отворен овој месец во „Аудиокултура“ во Скопје со настап на џез триото „Трицкл“ составено од студенти и дипломци на музичката  академијата на УГД „Гоце Делчев“ – Штип.

Ad
Ad