Свет
Русија: ЕУ не е соодветен партнер за преговори
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакнаа дека Москва нема да преговара со Европска Унија за завршување на војната во Украина.
Лавров, во авторски текст објавен на вебот на Министерството за надворешни работи, ја отфрла ЕУ како соодветен партнер во преговорите, бидејќи „целта на европските лидери не е да преговараат со Русија, туку да го поддржат режимот на Зеленски и да го зачуваат како отскочна штица за продолжување на судирот со Русија“.
Обединета Европа и понатаму сонува за ширење, посебно на НАТО и на ЕУ кон руските граници, посочи Лавров.
Во меѓувреме и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека ЕУ не може да разговара со Русија од позиција на моќ. Тој додаде дека Москва не иницирала прекин на односите со ЕУ.
Ако во Европа навистина се појават сили што ја разбираат неопходноста од дијалог со Русија без ултиматуми, Русија ќе биде отворена за тој дијалог. Разговорите од позиција на моќ нема да доведат до ништо, посочи Песков, додавајќи дека таков став е последица на компетентноста и глупоста на европските политичари, наведе Песков.
Тој додаде дека Русија е подготвена за преговори со Украина.
Изјавите на Лавров и Песков уследија откако изминатите денови имаше европски претставници имаа дипломатски контакти насочени кон воспоставување на комуникациски канали со Москва.
јуни 19, 2026

