Connect with us

Култура

Во Белград ќе биде отворена изложба на дела на 42 македонски ликовни уметници, членови на ДЛУМ

Изложбата „Експериментален цртеж“ работена на тема „Невидливи траги“, на Друштвото на ликовните уметници на Македонија што во април беше отворена во Музејот на Град Скопје, ќе има можност да ја види и белградската публика.

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечер ќе биде отворена изложба на дела на 42 уметници, членови на ДЛУМ.

Гостувањето на изложбата „Експериментален цртеж“ во Белград е поддржано од македонското Министерството за култура и туризам и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На неа, како и во Скопје ќе бидат изложени дела на: Јана Манева – Чупоска, Ицко Петрески, Ивона Велковска, Ацо Таневски, Гоце Божурски, Слободан Милошески, Златко Глигоров, Ангел Димовски Чауш, Душан Георгиевски, Марина Коцарева Ранисављев, Марија Мицова Гацова, Елена Гелева, Зулејха Зубери Али, Христина Хаџиева, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски – Стеф, Константин Качев, Елена Николоска Цветковиќ, Ристо Мијаковски, Иво Пецов, Стефан Анчевски, Наташа Андонова, Дијана Томиќ Радевска, Јана Јакимовска, Мирјана Крстева Массетти, Ирена Паскали, Стефан Хаџи Николов, Марина Цветановска Мартиновска, Дејан Иванов Маргуш, Љупка Галазка Василев, Нина Богуновиќ, Ана Ивановска, Татјана Ристовска Керакамика, Тања Балаќ, Маја Рауник Кирков, Марија Чепишева, Стефан Младеновски, Валентина Илијевска, Јовица Мијалковиќ, Златко Хаџи Пецов, Перо Кованцалиев и Слободан Живковски.

Изложбата „Експериментален цртеж“ традиционално се одржува секоја година на повик на ДЛУМ, а за учество на неа, од пред две години заинтересираните автори ги доставуваат генералиите за своите дела како и фотографија во искреираната онлајн апликација, по што следува жирирањето од страна на Уметничкиот Совет. 

Ad
Ad