Connect with us

Свет

Германскиот канцелар Мерц му врачи дрес со натпис „Трамп 47“ на американскиот претседател

На самитот Г7, кој се одржува во францускиот град Евијан ле Бен, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп дрес од германската фудбалска репрезентација со бројот 47, објаснувајќи дека станува збор за задоцнет роденденски подарок.

„Во пресрет на работната средба на лидерите на Г7 посветена на војната во Украина, Мерц (70) му врачи на Трамп (80) персонализиран дрес на германската репрезентација со натпис „Трамп 47“,напиша Њујорк пост. Американскиот претседател го прифати подарокот, накратко го подигна пред фотографите, а потоа го свитка и го остави на масата покрај себе.

Соединетите Американски Држави се коорганизатор на 23. Светско првенство во фудбал заедно со Мексико и Канада, а американската и германската репрезентација минатата недела успешно го започнаа натпреварувањето.

Ad
Ad