Connect with us

Забава

СП 2026: Голманот на Зелено’ртските Острови, Возиња, доби над 4,5 милиони следбеници по натпреварот со Шпанија

Популарноста на голманот на Зелено’ртските Острови, Возиња, на социјалните медиуми драстично порасна по ремито 0:0 со Шпанија вчеравечер во првиот натпревар од групната фаза на финалето на Светското првенство 2026.

Пред натпреварот, 40-годишниот Африканец имаше 46.000 следбеници. По натпреварот против Шпанија, неговиот број на следбеници порасна на 4,5 милиони и продолжува да расте.

Возиња имаше седум одбрани против Шпанија и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Шпанците имаа вкупно 27 удари кон голот.

Шпанија е втора на светската ранг-листа, додека Зелено’ртските Острови се на 67. позиција.

За својата репрезентација Возиња одигра 89 натпревари и прими  прими 81 гол. Тој на 36 натпревари ја зачува мрежата „чиста“.

Ad
Ad