Connect with us

Свет

Лавров: Европа постојано создава проблеми и интриги

Европа постојано настојува да создаде проблеми и интриги, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по средбата со својот белоруски колега Максим Риженков.

– Европа, како што го правеше тоа практично во текот на сите последни пет века, а можеби дури и малку порано, повторно сака да создаде проблеми. Европа ги почнуваше сите светски војни, дури и пред Првата светска војна. Наполеон исто така крена на оружје практично сè што постоеше од тогашните европски држави против Русија. Европа постојано создава интриги – рече Лавров.

Според него, Русија е навикната на европските интриги.

– Точно е, постоеја некои надежи – претседателот (на Русија, Владимир) Путин зборуваше за тоа повеќепати – надежи дека, со исчезнувањето и уривањето на идеолошките бариери и идеолошките разлики, сега би можела да се појави нова соработка и партнерство. Но, потоа се покажа дека во деведесеттите години на нас се гледаше како на партнери, знаете, „на поводник“. Со доаѓањето на претседателот Владимир Путин, кога Русија, рускиот народ, повторно го обнови своето достоинство, своите принципи и почна да ја брани својата цивилизација, Западот веднаш почна да го менува својот однос кон нас – изјави Лавров.

– И сето тоа се покажа уште во 2004 година, кога зборуваме за Украина – објасни шефот на руската дипломатија.

Ad
Ad