Хроника
Приведени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
Четворица турски државјани биле приведени во Скопје поради нерегулиран престој, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден на територија на општина Аеродром, како што се појаснува, полициски службеници постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги привеле Б.М.Б., К.У., А.Е. и К.Б., на возраст од 21, 25, 24 и 24 години, сите од Република Турција, поради нерегулиран престој во државата.
Во соопштението се додава дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
јуни 13, 2026

