Connect with us

Хроника

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис

Полициски службеници од ОВР Свети Николе, вчера во 11:10 часот го лишиле од слобода Г.М. (40) од Свети Николе, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис.

Како што информираат од МВР, претресот бил извршен по претходно издадена судска наредба. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Ad
Ad