Connect with us

Култура

Драматургот на Театар Комедија, Дарко Спасов е годинaшен добитник на престижната Меѓународна награда „Претнар“

Драматургот на Театар Комедија, Дарко Спасов е годинaшен добитник на престижната Меѓународна награда „Претнар“ – почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“.

Како што соопшти Театар Комедија, ова високо меѓународно признание се доделува во рамките на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик ширум светот.

Наградата „Претнар“ се доделува од 2004 година и претставува едно од најзначајните признанија во областа на културната соработка и книжевната дипломатија меѓу словенските и европските културни простори.

-Доделувањето на ова признание на Дарко Спасов претставува потврда за неговата долгогодишна посветеност во развојот на културните врски, афирмацијата на книжевноста и уметноста и продлабочувањето на меѓународната соработка во областа на културата. Театар Комедија му упатува искрени честитки на својот колега за ова значајно меѓународно признание и му посакува уште многу успеси во неговата понатамошна професионална и творечка работа, се додава во соопштението.

Ad
Ad