Култура
„Куманово танцува“ по 21 пат во спортската сала
Во спортската сала во Куманово синоќа по 21 пат се одржа манифестацијата „Куманово танцува“, на која настапија шест клубови. Публиката уживаше во енергична програма посветена на танцот, младите и уметноста на движењето. Настанот е под покровителство на Општина Куманово и Советот на Општината.
-Ќе продолжиме со поддршка на младите таленти и активностите кои го промовираат културниот развој на градот, кажа меѓу другото кумановскит градоначалник, Максим Димитриевски.
На сцената настапуваат шест кумановски танцови клубови „Ултра“, „Мак Денс“, „Скил Фактори“, „Виртус“ и „Динамик“ во организација на АКУ „Мулти Арт“.

Преку своите настапи, овие клубови го претставуваат најдоброто од кумановската танцова сцена, обединувајќи различни стилови и генерации на танчари. Кумановските танцови клубови се познати по бројните награди, признанија и трофеи што ги освојуваат на домашни и меѓународни натпревари. Нивната работа придонесува за унапредување на културниот живот во градот и промоција на Куманово како средиште на талент, енергија и уметнички израз. Манифестацијата се одржа во рамки на „Ноемвриските денови“ во чест на ослободување на Куманово, посветена на танчарите како вистински амбасадори на градот и инспирација за идните генерации.
ноември 11, 2025

