Свет
Лекорну го преживеа првото гласање за недоверба
Француската Влада денеска го преживеа првото од двете гласања за недоверба во Националното собрание (Долниот дом на Парламентот).
Првото гласање за недоверба, поднесено од ултралевичарската партија Независна Франција, доби поддршка од 271 пратеник, а беа потребни 289 гласови.
Одлуката на премиерот Себастијан Лекорну привремено да ги суспендира пензиските реформи му ја донесе поддршката на левичарските пратеници.
Второто гласање за недоверба, закажано во текот на денот го поднесе ултрадесничарскиот Национален собир
октомври 16, 2025

