Connect with us

Свет

САД формираат тактичка група за борба против трговијата со дрога

Министерството за одбрана на САД формира ново воено оперативна група за борба против трговијата со дрога, соопшти шефот на Пентагон, Пит Хегсет.

Новата тактичка група ќе дејствува во зоната на Јужната команда (САУТКОМ, SOUTHCOM) на американските вооружени сили, а нејзина задача ќе биде спречување на преносот на дрога по морски пат.

„Пораката е јасна: ако пренесувате дрога кон нашите брегови, ние ќе ве запреме на место“, напиша Хегсет и појасни дека тактичката група се формира по наредба на претседателот Доналд Трамп.

САУТКОМ е воена команда на САД одговорна за 31 земја во регионот на Карибите, Централна и Јужна Америка.

Воените сили на САД го зголемија своето присуство во Карипскиот регион кон крајот на август и почетокот на септември, особено во близина на бреговите на Венецуела, што предизвика тензии со Каракас. Преместувањето на силите беше по наредба на Трамп, кој објави дека САД се во војна со наркокартелите. Вашингтон ја обвини Владата во Каракас за покровителство на наркокартелите и меѓународната трговија со дрога кон американските брегови.

Венецуела ги отфрли обвинувањата и го укори Вашингтон за зголемување на опасни тензии.

Во текот на операциите во регионот, американските вооружени сили потопија голем број пловни објекти за кои беше соопштено дека пренесувале наркотици.