Connect with us

Свет

СЗО ја истражува смртта на деца поврзана со индиски сируп против кашлица

Светската здравствена организација (СЗО) побара од Индија информации дали сирупот против кашлица, за кој постои сомнеж дека предизвикал смрт на деца во земјата, бил извезен и во други држави.

СЗО информира дека ќе разгледа можност за издавање глобално предупредување за медицински производи поврзани со сирупот „Колдриф“, кога ќе ги добие официјалните податоци од властите во Њу Делхи.

Според локалните здравствени власти, најмалку 17 деца под пет години починале во последниот месец откако консумирале сируп што содржел висока концентрација на токсичното соединение диетилен гликол – речиси 500 пати над дозволената граница.