Connect with us

Регион

Вучиќ во објава на Инстаграм тврди дека разговарал со Дијана Хрка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави дека разговарал по телефон со Дијана Хрка и со Угљеша Мрдиќ и ги замолил да го прекинат штрајкот со глад.

„Утрово разговарав по телефон со г-ѓа Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, за да не си наштетат, за да имаат време за каква било политичка борба. Ја замолив г-ѓа Хрка да размисли и ја повикав во Претседателството на разговор“.
Тој објави дека прашал и доктори за здравјето на Хрка и на Мрдиќ.

„Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје и се молам и се надевам дека ќе донесат одлука да го прекинат штрајкот“, наведе тој. 

Дијана Хрка, мајката на Стефан, еден од 16-те жртви во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, штрајкува со глад во близина на српскиот Парламент, веќе деветти ден.

Утрово била прегледана и од лекар, а утрово кон нејзиниот шатор бил фрлен топовски  удар и најави дека нема да го прекине штрајкот со глад се додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.

Ad
Ad