Connect with us

Регион

Полицијата соопшти дека протестот во Сплит поминаа без инциденти, без потреба од интервенција

Сплитската полиција денеска соопшти дека протестот на навивачката група Торцида поминал мирно, без инциденти и без потреба од полициска интервенција.

– За време на протестот во Сплит, кој почна нешто по 11 часот, немаше инциденти ниту потреба од интервенција, а собирот помина мирно под полициски надзор и со обезбедување на безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата.

Портпаролката на Сплитско-далматинската полициска управа, Антонела Лолиќ, изјави дека за време на протестот под мотото „Што се брани со крв, не се пушта лесно“ не биле забележани никакви инциденти ниту имало потреба од полициско постапување.

– ПУ Сплитско-далматинска, откако ја добивме информацијата за собирот, спроведе безбедносна проценка и испланира мерки кои полициските службеници ги спроведуваа на терен. Целта ни беше да ја обезбедиме безбедноста на сите граѓани во центарот на Сплит, рече Лолиќ, додавајќи дека протестот завршил на улицата Гундулиќева.

Таа нагласи дека полицијата била присутна во доволен број на сите клучни локации и дека мерките и активностите се приспособувале според динамиката на настаните.

Лолиќ додаде дека полицијата нема прецизни податоци за бројот на учесниците, па секоја проценка би била шпекулативна. Таа исто така рече дека собирот бил снимен согласно Законот за полициски овластувања и дека сите настани што ќе бараат понатамошна обработка ќе бидат внимателно анализирани.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1