Connect with us

Свет

Се урна термоелектрана во Јужна Кореја, се претпоставува дека седум лица се под урнатините

Јужнокорејските власти соопштија дека седум лица се водат како исчезнати и веројатно се затрупани под урнатините, откако денеска се урна котларски дел во термоелектрана во градот Улсан, јави новинската агенција Јонхап.

Од урнатините досега се извлечени двајца преживеани, но се стравува дека под челичната конструкција има уште неколку работници.

Пожарникарските служби соопштија дека точниот број на исчезнати лица сè уште не може да биде потврден, бидејќи се продолжува со пребарувањето на теренот.

Претходно беше објавено дека шест лица се водат како исчезнати, но новите информации укажуваат дека бројот на затрупани би можел да биде најмалку седум.

На фотографии објавени во локалните медиуми се гледа огромна челична конструкција што целосно се урнала, претворајќи се во куп од урнатини и искршени греди.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3