Архива
Медиуми: Јувентус и Тотенхем се договорија за трансферот на Сар
Јувентус постигна договор со Тотенхем да го донесе во своите редови Сенегалецот Папе Матар Сар како позајмен фудбалер, јавија денеска италијанските медиуми.
Според „Скај Спорт Италија“, Сар добил зелено светло од лондонски Тотенхем да отпатува во Италија за да го комплетира својот трансфер во гигантот од Торино.
Истиот извор наведе дека договорот меѓу двата клуба откупна клаузула 25,6 милиони фунти доколку се исполнат одредени услови поврзани со настапите на Сар во новата средина.
Доколку овој трансфер се реализира, Сар ќе стане осмото засилување на Јувентус во летниот преоден рок.
Сар е еден од тројцата фудбалери кои би можеле да го напуштат Тотенхем до крајот на летниот преоден рок, заедно со Ришарлисон и Кевин Дансо.

