Connect with us

Ракомет

Ракометниот Супер куп во Гевгелија

Ракометната федерација на Македонија објави дека новата ракометна сезона ќе стартува со натпреварот за Супер купот. Дуелот меѓу Вардар и Охрид ќе се игра на 2.септември во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија. Почетокот на дуелот е закажан за 19 часот.

Двете екипи веќе одиграа еден натпревар во рамки на подготовките – финале на турнирот во Струга, а постои можност да играат и натпревар на турнирот што се одржува во Охрид.

Воедно ова ќе биде натпревар за првиот трофеј во сезоната.

Дополнително ќе бидат објавени и информации поврзани за продажбата на билетите.