Connect with us

Тенис

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000

Организаторите на УС опен како и што се очекуваше го зголемија наградниот фонд за 2026 година, а тоа значи дека зголемување ќе има и за тенисерите и тенисерките во секое коло. Победниците т.е. шампионите на овој Гренд слем турнир ќе добијат по 5,5 милиони долари, додека за финалистите е предвидена награда од 2.800.000 долари. Минатата година победници добија по 5 милиони долари.

Зголемена е и паричната награда и за учесниците во првото коло, која сега изнесува 140.000 долари.

Зголемен награден фонд има и за квалификациите и тој изнесува: 32.000 долари за елиминација во првото коло; 48.000 долари за елиминација во второто коло и 66.000 долари за елиминација во трето коло односно за тие што нема да се пласираат на главниот турнир.

Зголемен е и наградниот фонд и во двојки односно наградата за шампионите е милион долари по двојка, а и за победниците во мешани двојки е истата сума.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е веќе во Њујорк и ќе настапи во квалификациите на женскиот турнир.