Connect with us

Тенис

Коболи и Филс полуфиналисти на Мастерсот на Синсинати

На Мастерсот во Синсинати ноќеска се одиграа првите четвртфинални мечеви, а пласман во полуфиналето обезбедија Артур Филс и Флавио Коболи. Во меч во три сета Коболи го совлада Томи Пол со 2-1 во сетови, откако успеа да направи пресврт и по загубениот прв сет со 2:6, а следните два ги доби со 6:3 и 6:4.

Во второто четвртфинале Филс го победи Тиаго Тиранте, кој успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ. Филс победи со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2).

Вечерва на програмата се другите два четвртфинални меча: Тејлор Фриц и Брендон Накашима и Лоренцо Мусети – Франсис Тиафо.