Свет
Иран обеси двајца припадници на Исламска држава за вооружен бунт
Двајца припадници на милитантната група Исламска држава беа погубени откако беа обвинети за вооружен бунт против Иран, објавија денеска локалните медиуми.
Иранските медиуми соопштија дека Мохиедин Абдолахи и Хосеин Палани биле погубени и наведуваат дека двајцата осуденици припаѓале на единицата Исламска држава која била формирана откако организацијата била поразена во Ирак и Сирија, а дека планирале нападите да ги изведат во Иран.
Според извештајот, иранските безбедносни сили идентификувале скривалиште на бунтовниците во близина на планината Бамо, во близина на границата со Ирак, пред да ја започнат операцијата.
За време на операцијата, неколку бунтовници биле убиени, а некои биле уапсени.
Во истата акција, убиени се и тројца членови на иранската паравоена Револуционерна гарда.
Властите објавија дека заплениле и оружје, муниција и друга опрема.
Двајцата мажи беа осудени за вооружен бунт против Иран и беа обесени откако Врховниот суд ги потврди нивните смртни пресуди, а локацијата на егзекуциите е непозната.
јули 14, 2026


