Connect with us

Свет

Тајфунот Бави предизвика големи поплави во Кина, евакуирани над 260.000 лица

Најмоќната бура што ја погоди Кина годинава, тајфунот Бави, предизвика евакуација на над 260.000 лица во североисточната покраина Лиаонинг, бидејќи со себе тој донесе  и интензивни поплави.

Се очекува обилните дождови да продолжат во текот на денешниот ден со екстремни поројни дождови во некои области, соопштија властите, бидејќи Бави влече големи количества влажен воздух кон север.

На сите училишта и образовни институции им беше наредено да ја прекинат наставата, а јавниот превоз  во голема мера е нарушен во североисточните градови, вклучувајќи ги Шенјанг и Џилин.

Тајфунот Бави, што зафаќа површина со големина на Франција, се формираше во Тихиот Океан пред 13 дена. Неговата структура остана во голема мера непроменета и вчера, откако доцна во саботата стигна до копно во источна Кина, што го прави најупорниот тропски циклон во Азиско-пацифичкиот регион годинава.

Причината за неговата долготрајност е неговиот необично добро зачуван централен дел, наведуваат кинеските метеоролози, што му овозможува на Бави да ја задржи својата влага додека се движи кон север, односно кон Корејскиот Полуостров.

И во следните денови се очекуваат обилни дождови бидејќи Бави, моментално класифициран како тропска бура, почнува дополнително да забавува и да ја ослободува целата влага што ја задржувал.

Ad
Ad