Connect with us

Хроника

Седум лица лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство.

Во ПС Гостивар, утрово во 01:20 часот 41-годишен маж од Гостивар пријавил дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Пријавената е лишена од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 53 -годишен прилепчанец, бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Во 01:40 часот вчера во СВР Скопје 71-годишен маж пријавил дека на 09.07.2026 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Центар тој и неговата ќерка биле физички нападнати од неговиот син А.М., при што тој оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 20:45 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода 34-годишната З.М. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека дошла во домот на нејзиниот 53-годишен невенчан сопруг, му се заканувала и оштетила предмети. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.П.(35) од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино и се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија. И.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во здравствена установа. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 20:00 часот во СВР Куманово извршен е службен разговор со Н.Б.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна вонбрачна сопруга, дека во семејниот дом и упатил закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 10.07.2026 во 00:30 часот, во ОВР Дебар од слобода е лишен О.Б.(33) од село во дебарско, по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 23:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(26) од Штип, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна девојка, а притоа и упатувал закани со остар предмет. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 18:45 часот вчера во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода О.Р.(23) од Штип, по претходна пријава дека околу 17:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 24-годишна вонбрачна партнерка. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ad
Ad