Хроника
Трагедија во Гостивар: Почина 14-годишно девојче по пад од лулашка
Девојче од Кавадарци почина синоќа по пад од лулашка во Гостивар, сосопшти МВР. Случајот бил пријавен синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово.
Од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.
Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
јули 11, 2026

