Свет
Германија ќе набави ракети „Томахавк“ од САД
Германија постигна договор со американската администрација за набавка на крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно поставување на германска територија, изјави канцеларот Фридрих Мерц.
Тој наведе дека договорот е постигнат на Самитот на НАТО во Анкара.
-Со ова затвораме критичен стратешки јаз во нашата одбрана, а во исто време работиме на развој на сопствени европски системи и нивно распоредување во Европа, посочи Мерц.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај објави дека ќе го намали американското воено присуство во Германија, што се сметаше за откажување на планот на претходната администрација за распоредување американски баталјон ракети со долг дострел во земјата.
Берлин инсистираше дека овој потег е важен за одвраќање за Русија додека Европејците развиваат свое оружје од овој тип.
јули 9, 2026

