Свет
Во американски напад оштетена железничката линија кон Машхад, каде ќе биде погребан ајатолахот Хамнеи
Иранските државни медиуми денеска објавија дека во прекин е железничкиот сообраќај помеѓу Техеран и Машхад, каде во текот на денот треба да биде одржан погребот на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Иранските медиуми наведуваат дека железничкиот сообраќај е во прекин бидејќи пругата биле мета на американски напад, додека иранското Министерство за надворешни работи наведе дека се уништени и два моста.
Портпаролот на иранските железници наведе дека се вложуваат напори да се поправи рутата што е можно побрзо.
јули 9, 2026


